20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФонд со средства од милијарди долари купува акции од Apple, а продава...

Фонд со средства од милијарди долари купува акции од Apple, а продава на Facebook

Хеџфондот „Appaloosa Management“, кој е основан и управуван од милијардерот Дејвид Тепер, го зголеми уделот во Apple, покажуваат податоците од Комисијата за хартии од вредност и берзи.

Фондот со седиште во Мајами, Флорида, сепак ги намалил вложувањата во „Facebook“ и „Alibaba“, информира „Investopedia“.

„Appaloosa“ купи нови 100.000 акции од „Apple“, и на тој начин Тепер станува следниот милијардер, кој има многу од акциите на компанијата.

Потсетуваме дека според последните податоци, „Berkshire Hathaway“ исто ја зголеми инвестицијата во „Apple“, а до 30-ти септември компанијата е со најголем удел во портфолиото на фондот, управуван од Ворен Бафет.

И додека Бафет ја зголеми својата позиција во „Bank of America“ во последниот квартал, „Appaloosa“ го преполови својот удел на сегашните 3,4 милиони акции.

Фондот, исто така го намали уделот во „Facebook“ со 1,8 милиони акции, до 3,3 милиони акции, само неколку недели откако Тепер изјави во интервју за „CNBC“ дека акциите на социјалната мрежа изгледаат привлечни според сегашните цени.

Според извештајот на „Форбс“, Тепер поседува 11,6 милијарди долари. Оваа година, тој го купи американскиот фудбалски тим „Каролина Пантерс“  за 2,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП