17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро договор за слободна трговија меѓу САД и ЕУ

Наскоро договор за слободна трговија меѓу САД и ЕУ

sadeu1

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека договорот за слободна трговија меѓу САД и Европската унија ќе биде „најголемиот билатерален трговски договор во историјата“. Преговорите за договор, како што е одлучено, ќе започнат следниот месец.

Според зборовите на Камерон, со ваквиот договор ЕУ би можела да инкасира 100 милијарди фунти, додека САД од овој договор би инкасирал околу 80 милијарди фунти. Покрај тоа, овој договор, ќе обезбеди работни места за милиони луѓе.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека првите преговори околу договорот за слободна трговија ќе бидат одржани во Вашингтон наредниот месец.

„И двете страни ќе имаат свои чувствителни точки. Сепак, ако погледнеме малку подалеку, можеме да видиме нешто повеќе. Се надевам дека во овие преговори ќе постигнеме најприфатлив договор“, изјави Обама.

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпеј истакна дека Европа и САД се столбот на светската економија, и доколку се искористи оваа можност, тоа ќе биде производ на „заедничкиот ум“.

Се претпоставува дека преговорите меѓу ЕУ и САД во врска со договорот ќе бидат завршени до 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП