28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да се изберат зимски пневматици?!

Како да се изберат зимски пневматици?!

Гумата е единствениот контакт со патот.  Од нејзиниот избор според периодот од годината, од нејзиниот квалитет и исправност зависи и безбедноста на патот.

Иако законската обврска за зимски гуми, и носење зимска опрема почнува на 15-ти Ноември и трае до 15-ти мартсекоја година, падот на температурите под 7 степени наметнува потреба летните гуми што побрзо да се заменат со зимски.  Гумата е единствениот контакт со патот.  Од нејзиниот избор според периодот од годината, од нејзиниот квалитет и исправност зависи и безбедноста на патот.

Приказната за безбедно возење започнува со изборот на вистински зимски пневматици! Одговорот на прашањето за избор на најдобри пневматици треба да се побара кај специјалист, или најдобро кај увозник на реномирани брендови, кој дава и гаранција за квалитетот.

ЕУ етикетата дава процена на само три критериуми (возни својства на мокро, потрошувачка на гориво и бучава), кои не се доволни да се одбере пневматик, чиј квалитет зависи од над 50 други фактори. Токму затоа вистинска проценка за квалитетот можат да дадат само стручни лица, кои за пневматиците знаат многу повеќе отколку што може да се научи од налепницата.

Сепак, има некои поважни фактори кои треба да се имаат предвид.

Растојание на кочење при 97km/h на мокар пат, под 7℃, зимски гуми, летни гуми…

Растојание на кочење при 32km/h на леден пат, зимски гуми, летни гуми…

Цената и времето на купување. При купување пневматици не треба да се штеди на цена, туку попаметно е да се одберат марки од реномирани производители. Во компанијата Транзит дооел, чија главна дејност е увоз и продажба на пневматици веќе повеќе од 25 години, не само што може да се купат квалитетни гуми од реномирани производители (Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava, Debica, Kelly итн.) — по одлични цени, туку овде може да се добие и бесплатна промена на гумите,  бесплатна проверка, како и можност летните гуми да Ви бидат чувани за следната сезона. Пневматиците треба да се купат пред почетокот на зимата или законски определениот рок.  При купувањето треба да се внимава не само на адекватната димензија туку и на индексот на носивост и брзинскиот индекс кој важи за вашето возило.

Не купувајте половни пневматици! Не може да се знае нивната историја, и тие многу лесно можат да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

Зимските пневматици имаат поинаков профил од летните. Нивната тајна се остриците или ламелите исечени во поединечни блокови со посебна шема, кои за време на возењето формираат прилепувачки рабови на пневматикот, така што буквално гризат во снежната подлога и овозможуваат вообичаено возење.  Нивните екстра длабоки шари се способни да дисперзираат повеќе вода, помагајќи да се намали аквапланирањето и да се подобри управливоста. Тие се одлични за прилепување кон ладни патишта, без разлика дали се влажни, суви, снежни или ледени.  Подоброто прилепување значи – подобро кочење и подобра управливост и стабилност на возилото во ладни услови.

Покрај временскиот интервал определен со законот, за пневматиците зимата започнува во моментот кога температурата во било кој дел од денот ќе падне под 7 Целзиусови степени. 

Со користење на зимски пневматици значително ја зголемувате Вашата сигурност, ги намалувате ризиците и ја зголемувате стабилноста на Вашето возило во зимски услови на возење.   Јавете се на 02 3117 010, 070 305 787; [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП