11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето, и дополнителни 1, 5 милиони евра за интервентни мерки, за две години квалитетот на воздухот во Скопје ќе се подобри за 50 отсто а во градовите каде што исто така состојбата е алармантна загадувањето ќе се намали од 30 до 50 отсто.

Ова го најави заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната прес конференција, нарекувајќи го овој план историски за нашата земја. Според проценките што биле направени во изминатиов период, најголеми загадувачи се домаќинствата што користат нееколошка топлотна енергија и транспортот.

„Направивме план интервентно да делуваме во помош на домаќинствата што се греат со алтернативни горива што не се еколошки. Тие самите не се виновни и нивната економска состојба тоа го налага и државата ќе им помогне со замана на начинот на затоплување. Предвидено е намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за оние што ќе се приклучат на централната мрежа за греење, потоа стимулативни кредити за купување на печки со пелети итн.“, рече Макрадули.

Што се однесува до трнспортот, што се посочува како втор најголем виновник за загадувањето, Макрадули вели дека ќе се преземат мерки како, воведување на училишни автобуси, набавка на возила со елктричен погон, стимулирање на велосипедскиот сообраќај, рацинално користење на возилата.

Со индустриските загадувачи, државата ќе се справува со ангажирање на повеќе инспектори, континуиран мониторинг и вложување во акредитирани лабаратории. Мерните станици според Макрадули се само за да имаме увид во бројките но поважно е да се лоцираат и да се отстранат загадувачите.

„Мерните станици што моментно не работат треба да соодветно да се поправат за да имаме точен увид во загадувањето со ПМ честичките. Но тоа што е поважно е да се работи на причините на загадување и тие да се отстранат. Планот е направен врз целосна и детална анализа на експерти и тој почнува да се спроведува оперативно од денес, рече Макрадули.

Во стратегијата за борба со аерозагадувањето ќе се обезбеди помош и од европски фондови а на вчерашната седница како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП