20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од пикапот Jeep Gladiator

Први фотографии од пикапот Jeep Gladiator

На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новиот пикап на американскиот производител.

Долгоочекуваниот „Jeep“ пикап, за кој се шпекулираше дека ќе ја има ознаката „Scrambler“, сепак ќе се нарекува „Gladiator“, како истоимениот концепт од 2005-та година, односно серискиот модел од 60-тите.

„Jeep Gladiator“ e базиран на актуелниот модел „Wrangler“ кој практички доби дополнителен, отворен теретен простор на задниот дел од возилот, должина од 1.524 mm.

Стилски, предниот дел од пикапот многу потсетува на „Wrangler“, додека стоп-светлата и задниот браник имаат различен дизајн.

„Jeep“ одлучи да ја задржи опцијата за преклопен покрив, како кај „Wrangler“, па купувачите, доколку сакаат, можат да уживаат во возењето со отворен покрив.

На располагање ќе бидат опции со мек и тврд покрив.

На Интернет исто така се појавија и информации и за моторизацијата на „Gladiator“.

Пикапот ќе ги користи погонските агрегати на „Wrangler“, но во спецификациите не се споменува четирицилиндарскиот 2,0-литарски турбо бензински мотор.

Затоа тука е 3.6-литарски V6 бензинец со 288 ks (212 kW) и 352 Nm, поврзан со 6-брзински мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Во 2020-та година „Gladiator“ ќе добие и 3.0-литарски „EcoDiesel V6“ за кој се очекува дека ќе има 262 ks (193 kW) и 598 Nm максимален вртежен момент.

Официјална премиера „Jeep Gladiator“ ќе има на 28-ми ноември на претстонијот саем за автомобили во Лос Анџелес, кога ќе бидат познати повеќе технички детали за овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП