18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на централната банка, како виндоус и андроид-апликација.

Играта „Заработете и штедете“ е замислена, преку забава, да предизвика поголем интерес кај младата популација за штедењето и финансиите и со тоа да го збогати нивното знаење од оваа област. Таае избрана на конкурсот за изработка на едукативна игра којшто НБРМ го распиша во февруари годинава. Нејзин автор е Маријан Зиновски, студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

НБРМ верува дека играта ќе ја оствари целта за којашто е создадена – да придонесе кон повисоко ниво на финансиска писменост кај децата и младите. Централната банка и натаму ќе се обидува преку креативни и иновативни пристапи и решенија да вложува во финансиската едукација во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП