28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Форбс“ објави листа на починати личности што и натаму заработуваат милиони

„Форбс“ објави листа на починати личности што и натаму заработуваат милиони

Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на славни личности, кои, иако се починати, и натаму заработуваат милиони долари, а на оваа листа на првото место убедливо е кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

Џексон, кој почина пред девет години и во 2017 беше на првото место, а само годинава неговата бруто-заработувачка е дури 400 милиони долари, најголем дел од продажба има од авторски права.

На второ место е Елвис Присли, кој во 2018 заработил 40 милиони долари. На третото место е легендарниот голф-играч, Арнолд Палмер, кој заработил 35 милиони долари.

„Форбс“ наведува дека познатите личности, кои веќе не се меѓу живите и се на оваа листа, заработиле 628 милиони долари, двојно повеќе од минатата година кога заработувачката во оваа категорија изнесувала 312 милиони.

На четвртото место по бруто-заработка е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони долари.

На петтото место е реге-пејачот Боб Марли со 23 милиони долари, а како што се наведува, неговите приходи се направени од продажба на производи како слушалки и прибори за пушење.

Доктор Сус е на шестата позиција со 16 милиони долари, а зад него е Хју Хефнер, креаторот на „Плејбој“, со заработка од 15 милиони долари.

На осмото место е актерката Мерилин Монро со 14 милиони, а деветти е музичарот Принц со инкасирани 13 милиони долари.

На 10. позиција е поранешниот член на Битлси, Џон Ленон, кој заработил 12 милиони долари и за кого се тврди дека и 38 години по смртта, продава околу два милиона албуми годишно.

Меѓу оние што се наоѓаат на листата се и раперот XXXTentacion, кој беше убиен на Флорида годинава, боксерот Мухамед Али и манекенката Бети Пејџ.

Како што наведува „Форбс“, податоците се однесуваат на приходи остварени од 1 октомври минатата година до 1 октомври годинава, а се земени пред одбивањето на надоместоците за агентите, менаџерите и адвокатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП