26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Во недела финализирање на договорот со Велика Британија

Туск: Во недела финализирање на договорот со Велика Британија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск најави дека во недела ќе биде одржан вонреден самит на Европската унија, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.

Туск од главниот преговарач на ЕУ во разговорите за брегзит, Мишел Барни, доби текст од постигнатиот договор за повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ.

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа рече дека нејзината Влада го разгледала и го поддржала нацрт-договорот на ЕУ за брегзит.

Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската Унија на 29 март 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП