25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата го усвои предлог-буџетот за 2019 година

Владата го усвои предлог-буџетот за 2019 година

Владата на вчерашната седница го усвои предлог – буџетот за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Вкупните приходи и расходи во предлог – буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии, и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП.

„Планираниот дефицит е во согласност со фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност, и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси“, соопштија од Владата.

Загадувањето на воздухот – стратешки приоритет за следната година

„На седницата што се одржа вчера беше разгледан и усвоен предлог за план и мерки за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето со одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година“, соопштија од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП