14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијa да биде поштедена од буџетските правила на ЕУ поради преживеаните непогоди

Италијa да биде поштедена од буџетските правила на ЕУ поради преживеаните непогоди

Италијанската влада смета дека ЕУ мора да покаже флексибилност во однос на својот огромен буџет бидејќи земјата мораше да се справи со низа смртоносни непогоди вклучувајќи ги поплавите и смртоносниот пад на мост во Џенова, пренесува „Локал“.

Според копија од писмото испратено во вторникот до Брисел, во кое инсистира дека нема да има промени во буџетот, италијанската влада вели дека ЕУ треба да покаже флексибилност со оглед на исклучителни настани кои бараат исклучително трошење.

30-ина лица загинаа во бурите и поплавите во Италија на почетокот од месецов, главно во североисточниот дел од земјата. 43 лица, пак, загинаа кога еден децениски мост во пристанишниот град Џенова се урна во август, катастрофа што ја шокира и ја налути земјата и ги принуди властите да почнат план за одржување на патната мрежа.

Министерот за економија, Џовани Триа, му рече на Брисел дека во следните три години за поправање на предизвиканата штета владата ќе потроши околу 0,2 отсто од БДП.

Владата претходно ѝ се спротивстави на Европската комисија, која минатиот месец го отфрли буџетот – прв случај во ЕУ – и рече дека нема да ги напушти плановите за големи трошоци, чија цел е рестартирање на економијата во застој.

ЕК ѝ даде рок на Италија до вчера за да направи промени во своите планови за 2019 година и предупреди дека неусогласеноста може да ја активира процедурата за прекумерен дефицит (EDP), комплициран процес кој може да доведе до глоби и можеби ќе предизвика силна негативна реакција на пазарот.

Италија планира да оствари јавен дефицит од 2,4 отсто од БДП во 2019 година – трипати поголем од целта на претходната левичарска влада – и 2,1 отсто во 2020 година. Брисел прогнозира дека дефицитот на Италија ќе достигне 2,9 отсто од БДП во 2019 и 3,1 отсто во 2020 година, со што ќе го прекрши ограничувањето на ЕУ од 3,0 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП