25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на грчкиот јавен сектор, работниците се противат на ново намалување на...

Штрајк на грчкиот јавен сектор, работниците се противат на ново намалување на пензиите

Јавниот сектор во Грција функционира забавено поради штрајкот на вработените против мерките за штедење, прв откако земјата во август излезе од осумгодишната финансиска контрола под покровителство на ЕУ и ММФ.

Синдикатот на јавниот сектор „Адеди“, кој претставува околу половина милион вработени, бара враќање на приходите на претходното ниво со укинување на намалувањето на платите и пензиите.

Штраjкот доаѓа пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната на кој Атина очекува да добие зелено светло со цел да се отповика новото намалување на пензиите закажано за 1 јануари.

Земјата се надева дека ќе ги убеди своите партнери да ги напуштат ваквите позиции оправдувајќи го тоа со успесите во буџетот, но нејзините финансии и натаму се строго надгледувани со оглед на јавниот долг од приближно 180 отсто од БДП.

Според „Адеди“, платите на вработените биле намалени по редослед до 40 отсто, а кратењата во пензиите варираат меѓу 7 и 35 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП