18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо 10 чекори станете ненадминлив продавач

Во 10 чекори станете ненадминлив продавач

Дали знаете што е потребно за да станете успешен продавач? Што е тоа што вам може да ви помогне во продажбата? Дали веќе знаете што е тоа што е неопходно за секој продавач?

Демонстрирајте заинтересираност

Добриот продавач и по извршената продажба ќе остане во контакт со купувачот за да се увери дека барањата на клиентот се исполнети. Секогаш обидете се да стапите во контакт со купувачот пред да стигнат лошите вести до него, тоа е многу подобро отколку тој да ве побара откако ќе ги дознае.

Професионализам

Пријателскиот однос кој ќе го остварите со вашиот клиент никако не смее да влијае врз вашиот професионализам. Секогаш исполнувајте ги ветувањата, брзо одговарајте на сите прашања, немојте да се мешате во внатрешните работи на организацијата во која е вашиот клиент, избегнете било какви сексистички, расистички, хомофобични и други слични шеги.

Ветувајте помалку

Ветувајте помалку од она што можете да го исполните и давајте повеќе од ветеното. Изненадете ги своите клиенти со неочекувано добар квалитет на производите и услугите, покажете грижа и заинтересираност која ќе ги остави без зборови. Направете ја од нив својата најдобра реклама. Дозволете им, често и несвесно, да станат ваша најдобра реклама кај останатите потенцијални купувачи.

Хуманост

Добриот продавач ја знае и онаа другата, човечката, страна на своите клиенти. Тој нив ги третира како пријатели. Обидете се со клиентите да остварите неформален однос, основан на меѓусебна помош и доверба.

Сочувство

Покажете дека се грижите за соговорникот. 80 проценти од времето поминете го слушајќи го соговорникот, а само 20 проценти потрошете на зборување.

Став

Секогаш мислите позитивно. Позитивните луѓе се како магнет – тие просто ги привлекуваат другите позитивни луѓе кон себе. Кога ќе се чувствувате добро и вашите резултати ќе бидат такви.

Доверливост

Вистинските професионалци секогаш ги исполнуваат ветувањата. Секогаш завршете го она што сте го преземале на себе, а доколку дојде до некои непредвидени ситуации, навреме информирајте ги клиентите дека нема да бидете во можност да го испочитувате дадениот рок.

Брзина

Продавачот мора:

*на секој позив да одговори во рок од најмногу два часа,

*да одговори на е-маил порака во рок од 24 часа,

*да одговори на порачките во текот на истиот ден.

Знаење

Продавачот мора секогаш да има доверливи одговори за:

*индустријата во која работи,

*компанијата,

*производите,

*можностите за испорака,

*производите и услугите на конкурентите, нивната сила и слабостите.

Кредибилитет

Кредибилитетот претставува способност на продавачот константно да демонстрира:

*подготвеност да сослуша што имаат другите да му соопштат,

*ентузијазам да направи додатен напор кој ќе ги подобри резултатите,

*одлучност да ги заврши сите обврски кои ги преземал на себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП