2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНадзорниот одбор на Кроација Осигурување даде согласност за зајакнување на позицијата во...

Надзорниот одбор на Кроација Осигурување даде согласност за зајакнување на позицијата во регионот

croatijaosiguranje1

Надзорниот одбор на хрватската „Кроација Осигурување“ на својата денешна седница и даде согласност на Управата за зајакнување на пазарната позиција на компанијата на регионалниот пазар, се вели во соопштението од компанијата.

Неодамна „Кроација Осигурување“ од „Нова кредитна банка Марибор“ (НКБМ) и „Абанка Випа“ ги откупи правата на учество во првиот круг на докапитализација на најголемата словенечка компанија за реосигурување „Сава Ре“. Процесот на докапитализација на „Сава ре“ е во тек, а би требало да заврши на 21 јуни.

„Кроација Осигурување“ по докапитализацијата ќе поседува 7 проценти од „Сава Ре“, со што ќе стане вториот најголем акционер на оваа словенечка осигурителна компанија.

„Кроација Осигурување“ во регионот е присутна во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП