9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа британските компании им е тешко да најдат персонал

На британските компании им е тешко да најдат персонал

Британските компании кои бараат нови вработени, почнуваат да чувствуваат недостиг на кандидати како резултат на намалената имиграција во земјата, посочува Институтот „CIPD“, кој е фокусиран на човечките ресурси, цитиран од „BBC“.

Податоците од „CIPD“ покажуваат недостиг на работна сила и од земјите-членки на ЕУ и од имигрантите од трети земји. Причината за ова е намалувањето на интересот за Обединетото Кралство како дестинација за работа, главно предизвикано од претстојното повлекување на земјата од Европската унија.

Истражувањето на „CIPD“ меѓу повеќе од 1.000 британски работодавачи укажува на тоа дека наоѓањето персонал станува се потешко на Островот.

„Недостатокот од работна сила предизвика зголемување на платите“, велат од „CIPD“.

Така, додека краткорочниот изглед за невработеноста во Велика Британија останува добар, недостатокот на работна сила станува се повеќе и повеќе се чувствува, истакнуваат од Институтот.

Според последните официјални податоци, бројот на работниците кои не се родени на Островот, се намалува со 58.000 лица на годишна основа во периодот април оваа година од јуни минатата година, а 40.000 лица од вкупниот број не се луѓе родени во Земјите-членки.

За споредба, помеѓу 2016-та и 2017-та година, бројот на странски работници се зголеми за 263.000 лица.

„Податоците укажуваат дека има промена во трендот Велика Британија да се перцепира како атрактивно место за живеење и работа од граѓани кои не се од Велика Британија, особено оние дојдени од земји надвор од ЕУ, во период на силен раст на вработеноста и ниската невработеност“, рече Ирвин Дејвис од „CIPD“.

Според него тоа ги зголемува тешкотиите при вработување на персонал за некои работодавци, како и покрај сето друго што сугерира за зголемен ризик од тоа се повеќе странски работници и работодавци да бидат обесхрабрени да се вклучат во економскиот систем на земјата по Брегзит. Ова ќе влијае најмногу на нискоквалификуваните работни места.

Според извештајот на Институтот, тоа може да има и подлабоки последици за економијата на Велика Британија, бидејќи недостигот на работна сила води до поголема обем на расположливиот кадар, оттаму губење на нарачките и продуктивноста.

Се очекува ситуацијата да биде уште полоша по 2021-ва година, кога во сила ќе стапат рестрикциите за работници родени во земји-членки на ЕУ, а тоа ќе ги погоди претежно нискоквалификуваните позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП