2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг и Вашингтон го „топат мразот“ со нови трговски разговори

Пекинг и Вашингтон го „топат мразот“ со нови трговски разговори

Кинескиот потпретседател Лу Ху и американскиот министер за финансии, Стивен Манучин, ги продолжија трговските разговори во пресрет на состанокот помеѓу претседателите на двете земји што се очекува подоцна во овој месец.

Двајцата претставници говореа по телефон во петокот, објавија извори запознаени за „Bloomberg“. Според зборовите, разговорот не даде никакви крајни резултати.

Дискусијата беше остварена, откако пред две недели кинескиот претседател Си Џинпин и американскиот колега Доналд Трамп исто така остварија телефонски разговор – првиот јавен контакт по шест месеци. Тие се очекува да се состанат на форумот Г-20 во Аргентина на 30-ти ноември и 1-ви декември.

Преговорите меѓу Пекинг и Вашингтон забележаа незначителен напредок од мај наваму, кога Трамп го отфрли договорот, во рамките на кој Кина ќе ги зголеми купувањата на енергетски производи и земјоделски стоки во обид да го намали трговскиот дефицит. Во Пекинг, потегот на Трамп беше сфатен како навреда за нивниот претседател и потврда дека вистинската цел на Вашингтон беше да се спречи економскиот раст на Кина.

Досега беа воведени неколку билатерални царински давачки помеѓу двете земји. Во исто време, кинеските увозни давачки од 200 милијарди долари се очекува да пораснат на 25 отсто од јануари, ако не се постигне договор во преговорите.

Во говорот од петокот трговскиот советник на Вашингтон Питер Наваро – главна фигура во крилото на политичарите за поцврст став кон Кина, предупредија банкарите од „Wall Street“ да не се вклучат со дипломатски потези кон Пекинг. Во индиректна критика упатени до Манучин и другите бранители на преговорите, тој исто така, истакна дека никој освен Трамп или трговскиот претставник Роберт Лајтаизер не треба да преговара со кинеските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП