18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2017-та ЕУ има извезено вино во вредност од 22 милијарди евра

Во 2017-та ЕУ има извезено вино во вредност од 22 милијарди евра

Во оваа недела љубителите на виното ќе го прослават денот на „Beaujolais Nouveau“ (15-ти ноември), затоа е и погоден момент да се видат најновите податоци на водечките извозници и увозници на вино во Европската унија, коментира „Еуростат“.

Во 2017-та година продаденото произведено вино (вклучувајќи ги пенливото вино, портвајнот и ширата) во ЕУ достигна 14,6 милијарди литри.

Најголемите производители се Шпанија, Италија и Франција, а потоа следат Португалија, Германија и Унгарија.

Најголем извозник: Франција

Во 2017-та година земјите-членки на ЕУ извезле вино од 21,9 милијарди евра. Иако речиси половина од оваа трговија е меѓу земјите членки, извозот на вино надвор од Унијата достигнува 11,3 милијарди.евра. Главните увозници се САД (32% од извозот надвор од ЕУ), следат Кина (10%), Швајцарија (9%), Канада (8%), Јапонија и Хонг Конг (7%).

Со трговија во вредност од 9,1 милијарди евра во 2017-та година (или 41% од вкупното од ЕУ) Франција е категоричен лидер во извозот на вино, надминувајќи ги Италија (6,0 милијарди евра или 27%) и Шпанија (2,9 милијарди или 13%).

Најголем увозник: Велика Британија

Гледајќи ги потоците од увозот, земјите членки на ЕУ увезле вино за вкупно 12,9 милијарди евра во 2017-та година. Само 20% од доаѓа од земји надвор од Унијата, вклучувајќи ги Чиле (22% од увозот надвор од ЕУ), Австралија (17%) , САД (16%), Нов Зеланд (14%) и Јужна Африка (14%).

Од земјите членки најголемите увозници на вино се Обединетото Кралство (3,5 милијарди евра или 27% од вкупо ЕУ) и Германија (2,6 милијарди евра или 20%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП