4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Данок и за верските заедници

Словенија: Данок и за верските заедници

slovenia1

Новите даноци за недвижнини во Словенија ќе важат и за сите верски заедници во Словенија.

Така, верските заедници ќе мораат да платат данок за своите цркви, џамии, капели, синагоги, верски објекти, училници за пастирска дејност и домови за духовни вежби.

Меѓу верските заедници во Словенија, најмногу верски објекти има Католичката црква, која поседува вкупно 2,901 котолички верски објекти, односно 6,157 католички верски објекти кои во пописот во 2008 година беа заведени како секрални објекти.

Дел од недвижнините кои ги има Католичката црква и досега беше делумно оданочуван, а верските објакти за богослужба беа ослободени од плаќање даноци, Католичката црква не плаќа данок ни за продажбата и подароците на недвижнини.

Словенечката премиерка по повод објавувањето на новите мерки за оданочување на верските заедници изјави дека смета дека воведувањето на овој данок е правично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП