28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 2030. гасот ќе биде втор најголем извор на енергија

До 2030. гасот ќе биде втор најголем извор на енергија

Се очекува дека до 2030. година природниот гас ќе го замени јагленот и ќе стане втор најголем светски извор на енергија по нафтата, поради глобалните напори да се намали загадувањето на воздухот и да се зголеми употребата на течен природен гас, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), a пренесува агенцијата „Танјуг“.

ИЕА, со седиште во Париз, во извештајот „Перспективи за светската енергетика 2018“ наведува дека побарувачката за енергија ќе се зголеми за повеќе од една четвртина меѓу 2017 и 2040 година, под претпоставка дека ќе се подобри енергетската ефикасност, додека пак без таквите подобрувања, побарувачката ќе се дуплира, пренесува „Ројтерс“.

Глобалната побарувачка за гас, според проценките на ИЕА, би се зголемувала за 1,6 отсто годишно до 2040. година и би била за 45 отсто повисока од денес.

Ваквите проценки се базираат на документот од ИЕА „Ново политичко сценарио“, кој ги зема предвид законодавството и политиките за намалување на штетните емисии, како и борбата против климатските промени, но, исто така, поаѓа од претпоставката за поголема енергетска ефикасност во користењето на гориво, енергетска ефикасност на објектите и други фактори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП