
Овој напиток се подготвува многу едноставно со состојки кои можете да ги набавите во секоја продавница за здрава храна или во локалниот супермаркет.


Овој напиток се подготвува многу едноставно со состојки кои можете да ги набавите во секоја продавница за здрава храна или во локалниот супермаркет.
Ќе ви биде потребно:
– 1 лажица рендан корен од ѓумбир
– 1/2 лажица куркума
– 2 стапчиња цимет
– 1/2 лимон
– 3-4 дл вода
Подготовка:
Изрендајте го коренот од ѓумбирот кој сте го исчистиле, како и коренот од куркумата или користете куркума во прав.
Ставете ја водата на оган да зоврие и додадете ги состојките и две стапчиња цимет и исцедете лимон. Оставете ја да се олади, а потоа консумирајте ја. Доколку сакате можете да засладите со малку домашен мед.
Овој напиток можете да го консумирате и во зима и во лето, а со негова помош ќе го зајакнете организмот и ќе ја намалите надуеноста на стoмакот. Исто така, куркумата е позната и како древен свет зачин кој се смета за многу силен природен антибиотик.
Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и надуеноста во стомакот, а успешно ги отстранува и масните наслаги.