5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарците ги зголемија даноците со цел намалување на дефицитот

Унгарците ги зголемија даноците со цел намалување на дефицитот

Minolta DSC

Унгарија ги зголеми даноците на финансиските трансакции и постојните рударски и такси на телефонски повици, со цел да го намали буџетскиот дефицит и да го задржи под максималното дозволено ниво во Европската унија.

Данокот на готовински плаќања ќе биде зголемен од 0,3 проценти на 0,6 проценти, и од 0,2 проценти на 0,3 проценти на безготовинските плаќања. Таксата за телефонските повици и пораки, исто така ќе биде зголемена, како и рударскиот надоместок кој ги плаќа нафтената група МОЛ.

Зголемените даноци би требало да стапат на сила од 1 август, а аналитичарите проценуваат дека во унгарската државна каса би требало да донесат околу 100 милијарди форинти (343,5 милијарди евра).

Министерот за економија Михали Варга изјави дека годинешните мерки за намалување на буџетските расходи можеби нема да бидат доволни во целост да ја елиминираат заканата од фискални санкции на Брисел, со оглед на инфлацијата која ги намалува даночните приходи.

Минатиот месец ЕУ објави дека ќе ја откаже постапката против Унгарија поради прекумерниот буџетски дефицит и ќе ја избрише земјата од листата на буџетски „прекршители“, уважувајќи ги со тоа настојувањата на владата во Будимпешта да го намали дефицитот под три проценти од БДП.

Се очекува дека ЕУ ќе донесе конечна одлука за отстранување на Унгарија од листата на буџетските прекршители во втората половина на оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП