20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако се прави Acura NSX? (видео)

Како се прави Acura NSX? (видео)

„Honda“ ја лансираше „Acurа“ токму во САД во 1986-та, a покрај околу 200 единици од моделот „RLX“ кој се увозува од Јапонија, сите останати „Acura“ модели се произведуваат во САД.

Суперпопуларниот „NSX“ се произведува во единствениот погон во Маришвил во државата Охајо, прилагодувајќи ја за производство за помал капацитет.

И додека повеќето производители имаат производни линии со многу роботи, во „Performance Manufacturing Center“ погонот за автомобили од една на друга призводна лента се префрлуваат со ролни.

Производството на „NSX“ стартува со оставување на рамот од повеќе материјали, а кој е во целост направен во истата фабрика.

На работниците во тоа им помагаат неколку машини, а во другиот погон каросеријата ја фарбаат и луѓето и машините.

И додека најголемиот дел од „NSX“ возилата се напаравени во Маришвил, „срцето“ на ова возило настанува на околу еден час оддалеченост во местото Ана.

„Acura NSX“ со хибридната „Sport Hybrid SH-AWD“ единица е поврзана со деветбрзинскиот автоматик со двојно квачило (9DCT) која развива 573 KS и 645 Nm.

Тука инженерите го „оживуваат“ хибридниот агрегат базиран на твин-турбо 3,5-литарскиот „V6“ кој подоцна се вметнува во каросеријата на „NSX“ во Маришвил.

Работниците потоа ја инсталираат суспензиајта, енетериерот и останатите компоненти, додека тоа се случува техничарите прегледуваат дали се е склопено правилно и дали функционира.

Откако ќе заврши составувањето, автомобилот оди на тестирање од симулирање на патот до мерење на перформансите.

Од почетокот до крајот се потребни околу 3 дена за да се направи еден „Acura NSX“, a на него учествуваат околу 100 луѓе.

„„NSX“ е единствениот суперавтомобил е дизајнира, развиен и произведен во САД“, велат од оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП