3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ8: Глобалната економска перспектива и понатаму слаба

Г8: Глобалната економска перспектива и понатаму слаба

g81

Лидерите на Г8 изјавија дека глобалната економска перспектива и понатаму е слаба, иако ризиците се намалени поради политичките акции кои беа певземени во САД, еврозоната и Јапонија.

Во изјавата по разговорот за глобалната економија, лидерите изјавија дека Јапонија треба да работи на дефинирањето на веродостоен среднорочен фискален план.

„Ризиците во економијата се намалија во текот на минатата година, но таа останува во рецесија“, изјавија лидерите.

„Закрепнувањето на САД продолжува и дефицитот продолжува да се намалува во контекс на продолжување на потребата за понатамошен напредок кон урамнотежена среднорочна фискална одржливост и целните инвестиции за подобрување на растот“, потенцираа тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП