5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Еврото се уште не е јасна алтернатива на доларот

Макрон: Еврото се уште не е јасна алтернатива на доларот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека еврото се уште не е „јасна алтернатива“ на доларот, благодарение на меѓународната „сила“ на американската валута.

„Досега не успеавме да го направиме еврото толку силно, како доларот“, изјави Макрон во интервју за „CNN“. Според него европските власти направиле „одлична работа“ во последниве години, но сепак таа не е доволна.

Претседателот посочи дека европските корпорации и фирми се уште се премногу зависни од американската валута. „За мене, ова е прашање на суверенитет. Затоа сакам да работиме многу тесно со нашите финансиски институции на европско ниво и со сите наши партнери, за да се изгради капацитет за помала зависност од доларот“, изјави тој.

„Тоа не значи дека треба да бидеме противници, но сметам дека за стабилноста на светскиот поредок е потребна силна валута како доларот, но исто така ни требаат алтернативи. Еврото треба да е една од тие алтернативи, што значи дека ние треба подобро да ги подобриме нашите финансиски структури и финансирањето на нашите играчи на ниво на еврозоната“, посочи Макрон.

Според францускиот претседател кинеската валута исто така се јавува како алтернатива на доларот. Сепак, тоа не е „глобално, туку за одреден регион“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП