5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголеми губитници меѓу милијардерите за 2018 година

Најголеми губитници меѓу милијардерите за 2018 година

Да се ​​биде милијардер, па дури и кога е меѓу најбогатите луѓе во светот, не значи дека нема загуби. Како што пишува Блумберг, и покрај огромните суми пари што ги имаат некои луѓе, не сите од нив имале совршена деловна година.

Блумберг неодамна објави листа на “најголем победник меѓу милијардерите оваа година”, на која покрај познатите Безос, Ворен Бафет и Бил Гејтс, се најдоа и некои помалку познати имиња, како што се основачот на кинеската компанија за паметни телефони “Xiaomi”, Леи Јуна, како и најбогатиот јапонец Тадаши Јанаи.

Но, Блумберг потоа издвои некои од нив, кои и покрај тоа што поседуваат милијарди долари, изгубија многу во 2018 година.

На пример, основачот на социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), Марк Цукерберг, како што пишуваат, можеби оваа година изгуби 14,1 милијарди долари. Но, тој веројатно не се грижи премногу за тоа, бидејќи се проценува дека неговото богатство изнесува околу 58,7 милијарди долари.

На листата на најголеми губитници по Цукерберг се најде Џорџ Шафлер, сопственик на германската компанија “Schaeffler”, кој загуби 11,6 милијарди долари, а сега неговото богатство се проценува на околу 12,5 милијарди долари.

Од голема парична загуба оваа година не беше поштеден ни основачот на “Алибаба”, Џек Ма, кој го намали неговото богатство на 7.42 милијарди долари.

Погледнете подолу кој друг од милијардерите се најде на таа “губитничка” листа:

https://www.instagram.com/p/Bp_n7w1H-vY/?utm_source=ig_embed

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП