13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Алибаба“ постави нов рекорд: На „Денот на самците“ за 85 секунди продаде...

„Алибаба“ постави нов рекорд: На „Денот на самците“ за 85 секунди продаде производи во вредност од една милијарда долари

Кинескиот трговски гигант „Алибаба“ постави нов рекорд на „Денот на самците“, кога компанијата за 85 секунди, онлајн успеа да продаде производи во вредност од една милијарда американски долари.

Растот доаѓа во значаен период кога „Алибаба“ е под притисок од успорување на кинеската економија, се појавуваат нови ривали во индустријата на електронската трговија, но и тровската војна со Соединетите Американски Држави.

„Алибаба“ претходно месецов ја намали прогнозата на годишните приходи за дури шест проценти.

Денот на самците се одбележува во Кина од 1990 година, како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП