9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските министри подготвија таен план за Brexit без договор

Британските министри подготвија таен план за Brexit без договор

Британските министри го запознале премиерот Тереза ​​Меј со детален таен план за „Brexit“ без договор во позадина на растечките стравувања дека пратениците ќе гласаат против нејзиниот договор во Коморота на општините.

Планот предвидува Британија да плати 18 милијарди фунти и да продолжи да ги следи одредбите на Европската унија (ЕУ) како трета страна во договорот уште 18 до 24 месеци по излегувањето од блокот во март следната година.

Веста за тајниот план се појави откако министерот за транспорт Џо Џонсон, брат на поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, поднесе оставка. Овој план беше познат, но сега за прв пат деталите стануваат познати.

Министрите се надеваат планот, кој не е претставен во Брисел, да и овозможи на Британија да склучува нови трговски договори и да влезе во трговски односи со ЕУ, без да е потребно да влегува во сила т.н. Безбедносен механизам за ирската граница.

Целта е да се ублажат стравувањата дека напуштањето на ЕУ без договор ќе значи затворање на аеродромите и пристаништата и економски шок.

Владин извор изјави за „Sky News“ дека Тереза ​​Меј кажала дека се уште нема потреба од таков план, но тој бил исклучително поздравен од министерот за финансии Филип Хамонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП