19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако „тестираат“ најголемите компании?

Како „тестираат“ најголемите компании?

Во најголемите светски компании од типот на „Google“, „Microsoft“ и „Facebook“ работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор.

Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.

1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање најпрво започнале да го користат во „Microsoft“, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.

2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака „Google“ проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.

3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во „Boston Consulting Group“ можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.

4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака „Volkswagen“ проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.

5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, „Guardsmark“, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.

6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? „Apple“ секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност се додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.

7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во „Apple“ го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.

8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само како единица мерка. „Google“ поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.

9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во „Facebook“ во насока на пронаоѓање решение.

10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? „Goldman Sachs“ инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП