13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Мегаполисите сега и во иднина

График на денот: Мегаполисите сега и во иднина

До 2030-та година ќе има речиси 40 мегаполиси низ целиот свет, тоа значи градови во кои ќе живеат над 10 милиони жители, пишува „Ѕtatista.com“. Во моментов повеќето мегаполиси се наоѓаат во развиените пазари, но во наредните години се очекува растот на мегаполисите да се одвива во новите економии.

Во моментов, бизнисот на мегаполисите се врти околу економијата на услугите. Речиси 90% од економијата на Њујорк и Лондон доаѓа од услужниот сектор, додека во Лагос ова учество е околу 60 проценти.

Растот на мегаполисите во иднина во голема мера ќе се случува со Африка, како Дар ес-Салам и Луанда кои ќе се приклучат на листата на многу големи градови заедно со Каиро и Лагос. Њујорк стана првиот мегаполис во светот во 1950-тите. Гуангжу (Кина) ја опфаќа најголемата метрополитенска област во светот, според Заедничкиот истражувачки центар на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП