20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзите реагираа позитивно откако Трамп повика на соработка со демократите во економијата

Берзите реагираа позитивно откако Трамп повика на соработка со демократите во економијата

Берзите реагираа позитивно на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека администрацијата и Сенатот ќе соработуваат со новото демократско мнозинство во Конгресот за важни економски прашања.

Индексот на индустриската берза „Доу Џонс“ синоќа порасна за 400 поени (речиси 2 отсто), надминувајќи го нивото од 26 000, довербата најмногу порасна во технолошкиот сектор и во здравството.

На прес-конференцијата синоќа за резултатите од конгресните избори во САД на 6 ноември, Трамп изрази подготвеност за бипартиска соработка.

– Се надевам дека сите заедно ќе ја продолжиме работата во годината пред нас во полза на Американците. Најмногу во однос на економскиот раст, инфраструктурата, трговијата, намалување на цените на лекарствата, изјави американскиот претседател.

Додаде дека ако демократите се обратат со план за развој на инфраструктурата, за здравственото осигурување и за други области, тој ќе се договара.

-Тоа ќе биде прекрасна бипартиска соработка, изјави Трамп.

Покрај тоа, тој укажа дека нема намера да соработува со демократте во истрагите поврзао со него и се закани со соодветен одговор на тоа од страна на Сенатот.

-Во политичка смисла тоа е мноу добро за мене. Ние го држиме Сенатот. И кај нив (демократите) има многу сомнителни работи поврзани со протекување на доверливи информации, изјави тој.

Берзите пред се го поддржаа крајот на неизвесноста со конгресните избори.

-Сметаме дека Конгрес поделен на републоканци и демократи е најдобра варијанта за американските и светските берзи за тргување со акции… Бидејќи претседателот не може да се потпре на Конгресот и Федералните резерви за стимулирање на економијата, тој ќе мора да прави посебни напори, и е способен за тоа, изјави за „Си-ен-би-си“ Марко Колановиќ, аналитичар во банката „ЏејПиМорган Чејс“.

На конгресните избори во САД во вторникот мнозинство во Претставничиот дом доби Демократската партија со најмалку 221 претставнички места од вкупно 435. Републиканците го зачуваа мнозинството во Сенатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП