28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАInstagram воведува видео-записи?

Instagram воведува видео-записи?

FRANCE-US-IT-INTERNET-TELECOM-INSTAGRAM

„Facebook“ ќе одржи конференција во четврток на 20-ти јуни на која се очекува да најават дека „Instagram“ ќе поддржува и видеа.

Оваа друштвена мрежа минатата година го купи „Instagram“ за една милијарда долари, а дури сега ќе му додаде нова функционалност.

Популарната апликација која досега служеше само за делење на фотографии, во иднина ќе биде во можност да се објавуваат и видео записи.

Се претпоставува дека видео снимките ќе бидат кратки, нешто слично како оние на апликацијата „Vine“ која е во сопственост на „Twitter“, а овозможува делење на видео-записи со траење од шест секунди.

Сепак од „Facebook“ несакаа да ги коментираат овие шпекулации, па затоа останува да почекаме до 20-ти јуни и да видиме што точно ќе биде претставено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП