12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот извоз на оружје порасна за 13% на годишно ниво

Американскиот извоз на оружје порасна за 13% на годишно ниво

 Продажбата на американско оружје на странски влади, се зголеми за 13% до 192,3 милијарди долари во годината што завршува на 30-ти септември – резултат од олабавувањето на ограничувањата на трговија и зголемувањето на напорите за склучување на договори. Ова беше објавено од Стејт департментот, цитиран од „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја претвори САД, која веќе е лидер на светскиот пазар на арсенал, во уште поголем фактор во трговијата, посочуваат американските државни претставници.

Најголемите изведувачи на воени договори кои продаваат бродови, тенкови, авиони, ракети и друго на странски воени формации, се „Boeing“, „Lockheed Martin“, „Raytheon“, „General Dynamics“ и „Northrop Grumman“.

Зголемувањето делумно се должи на планот за „Купи американско“ на Трамп, презентиран во април, со што се ублажуваат ограничувањата за продажба. Американските претставници, исто така, се охрабруваат да играат поголема улога во проширувањето на американско оружје во странство.

Постојат два главни начини на кои странските влади може да купат оружје од американски компании: директна комерцијална продажба договорена помеѓу влада и компанија, како и продажба на странски армии, при што владата договара со Пентагон за потенцијалната зделка. Двата начини бараат одобрување од страна на американската влада.

Продажбата на американската воена опрема за странски влади во САД порасна за 6,6 отсто на 136,6 милијарди долари од 128,1 милијарда долари во фискалната година, соопшти Стејт департментот.

Во октомври владата соопшти дека продажбата на американско оружје во странски армии порасна за 33 отсто на 55,6 милијарди долари во фискалната година.

Севкупно, на годишно ниво е забележан раст од 13% во извозот на американско оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП