17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalt Disney со рекордна добивка

Walt Disney со рекордна добивка

Концернот „Walt Disney“ постигна рекордно ниво на приходи и добивка во последната финансиска година благодарение на добриот четврт квартал. Силните сегменти со тематските паркови и „Studio Entertainment“ придонесоа особено за најдобрите резултати, пренесува „Bloomberg“.

Во четвртиот квартал профитот на „Walt Disney“ се зголемил за 33% до 2,32 милијарди долари, додека приходите се зголемиле за 12% до 14,31 милијарди долари. Заработката по акција изнесуваше 1,48 долари. Аналитичарите очекуваат профит од 1,34 долари по акција и 13,73 милијарди долари во приходи.

Оперативната добивка за парковите и рекреативените центри се зголеми за 11%, а приходите за 9%.

Филмскиот бизнис бележи раст на приходите од 50% и повеќе од двојно од оперативната добивка. За тоа помогнаа филмови како „Неверојатните 2“ и „Ант-Мен и Осата“.

Компанијата планира да ги зајакне своите предлози директно за клиентите за да се натпреварува со стриминг гигантите „Netflix“ и „Amazon“.

„Disney“ конечно ќе контролира трите дигитални даватели на услуги: „ESPN Plus“ за спорт; „Hulu“, која моментно е заедничко вложување на „Disney“, „Fox“, „NBC Universal“ (дел од „Comcast“) и „Warner Media“ (дел од „AT & T“), како и нов бренд на „Disney“, кој ќе ја стартува активноста на крајот на 2019-та. Во брзанската трговија акциите на компанијата поевтинија за 1,6 проценти на 117,88 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП