29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10.-31.10.2018 година вкупниот промет изнесувал 715.116.199 денари и е зголемен во однос на август за 47,90 отсто. 

Класичното тргување изнесува 568.838.626 денари и е зголемено во однос на септември за 60,77 отсто кога изнесувало 353.818.953 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 528.112.415 денари и обврзници во вредност од 40.726.211 денари.

Блок трансакциите за октомври изнесувале 133.845.900 денари и се зголемени за 3,19 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувал 2.574  и е зголемен за 39,66 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.843.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а НЛБ Банка го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП