12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорците без визи ќе патуваат во 100 земји

Црногорците без визи ќе патуваат во 100 земји

Црногорските државјани можат без визи да патуваат во 100 земји низ светот, вклучувајќи ги и земјите во кои е можно да добијат виза на граничкиот премин, додека оние со дипломатски и службени пасоши можат да патуваат во 109 земји, се наведува во информацијата за визната политика што ја усвои црногорската влада.

Од владата соопштија дека на седницата било истакнато оти Црна Гора ќе ја има предвид потребата од усогласување на визната политика со ЕУ регулативите, имплементацијата на Шенгенскиот акционен план и исполнувањето на привремените мерки од поглавјето 24, одговорно реализирајќи ги обврските што произлегуваат од визната либерализација.

Државјаните од 104 земји ќе можат без визи да влезат во Црна Гора, додека оние со дипломатски и службени пасоши без види ќе влегуваат во 111 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП