
Не верувам дека ќе има радикални промени во политиката во однос на мигрантите во Германија бидејќи на земјата ѝ требаат мигранти, односно ѝ треба нивната работна сила, вели во изјава за агенцијата „Танјуг“, Ото Георг Шили, поранешен германски министер за внатрешни работи од редовите на Социјал-демократската партија во Германија (СДП).

