22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛесковачката скара – официјално заштитен српски бренд

Лесковачката скара – официјално заштитен српски бренд

Ќебапчилниците и рестораните кои сакаат да прават и да продаваат лесковачка скара ќе мора да имаат сертификат од Стопанската комора на Србија. Лесковац официјално стана носител на печатот што го штити овој бренд, а сертификати засега добија 10 ресторани во Лесковац.

„По неколку години работа и напор“, рече директорот на Регионалната стопанска комора на Јабланичката и Пчињската Област, Горан Јовиќ, „Лесковац конечно ги брендира своите познати специјалитети на скара“.

Оние што сакаат да добијат сертификат за продажба на лесковачка скара ќе мора да поминат одредени обуки, вели Јовиќ, но и да подготвуваат специјалитети според традиционалниот рецепт.

Проектот вреден 170 000 евра, беше спроведен преку ИПА-програмата финансирана од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП