Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,374.75 0.5%    BESK 9,088.75 -3.3%    BGOR 240.00 -11.11%    FUBT 1,000.00 0%    GRNT 825.00 -0.48%    GTRG 3,000.00 0%    KMB 5,699.33 -0.01%    MERM 2,037.00 -3%    MPT 51,874.83 -0.3%    REPL 76,000.00 0%    RZUG 12.00 20%    RZUS 105.00 0%    STIL 114.00 -0.8%    UNI 2,300.33 -2.11%    USJE 23,500.00 2.17%    

Наскоро со законско решение ќе се олеснува регистрацијата на пензионерите во УЈП

Време: 15:04

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Управата за јавни приходи најавува брзо законско решение што ќе содржи олеснителни околности за регистрација на пензионерите во Управата за јавни приходи поради новиот концепт на Годишната даночна пријава.

-Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

– Мобилните екипи на УЈП секојдневно се на терен. Дали одиме кај даночни обврзници, мали, средни и големи дали одиме во сите министерства, имаме контакт со огромен број лица кои треба да се регистрираат. Некаде оди поспоро, некаде побрзо, меѓутоа кога станува збор за една ваква реформа сепак треба да се има предвид дека тешкотии ќе има, меѓутоа на крајот ќе се види резултатот, истакна директорката.

Таа додаде дека е побарана помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост со цел да може да се изврши регистрацијата на даночнтие обврзници, а и телефонските линии на сите оние што одат на терен се постојано достапни.

-Ова е прва година и очекувавме дека ќе имаме вакви проблеми, меѓутоа старот го означивме и ќе одиме до крај, потенцира Лукаревска.

Во врска со најавеното воведување прогресивна даночна стапка, директорката рече дека Управата за јавни приходи како имплементар на оваа даночна реформа е подготвена и мора да биде подготвена.

– УЈП е имплементатор на прогресивното оданочување, кое го сметам за доста праведно. УЈП е подготвена и мора да биде подготвена. Секако како и досега се случувало не е првпат да падне системот. И претходно во минатото сме имале такви технички проблеми од ИТ аспект и се надевам дека ќе имаат разбирање обврзниците, посочи директорката на УЈП.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Релативно лоша година за градежните компании, речиси сите имаат намален обем на работа и драстично скастрен профит. На производителите на градежни материјали се уште им…

  • Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои се на прво место на листата на магазинот “Економист”. Ова е првпат во 30-годишната…

  • СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    БЕЛГРАД, 19 март, 2019 година — Успешноста на пазарот на трудот во Западен Балкан и понатаму се подобрува, иако со побавно темпо од минатата година и…

  • Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот…

  • Загриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

    Загриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

    Повеќето воени операции на Земјата се потпираат на комуникациските сателити и глобалните влади се сè повеќе загрижени дека тие би можеле да бидат уништени, изјави…

  • Расте девизниот прилив од туризмот

    Расте девизниот прилив од туризмот

    Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, а тоа директно се рефлектира врз учеството на туристичката индустрија во бруто домашниот производ…

  • Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

    Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

    Покрај авионската линија со шведскиот град Малме, од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град…

  • И шампањот трпи поради Брегзит и Жолтите елеци

    И шампањот трпи поради Брегзит и Жолтите елеци

    Брегзит и француското протестно движење на „жолтите елеци“ ја намалија продажбата на францускиот шампањ во последната година на најниско ниво од 2004 година, објави Seebiz.…

  • Путин ги “скротува” онлајн-медиумите

    Путин ги “скротува” онлајн-медиумите

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша два закони со кои се ограничува работата на онлајн-медиумите во таа земја. Според законите, кои критичарите ги гледаат како дел…

  • Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави

    Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави

    Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот…