Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,374.75 0.5%    BESK 9,088.75 -3.3%    BGOR 240.00 -11.11%    FUBT 1,000.00 0%    GRNT 825.00 -0.48%    GTRG 3,000.00 0%    KMB 5,699.33 -0.01%    MERM 2,037.00 -3%    MPT 51,874.83 -0.3%    REPL 76,000.00 0%    RZUG 12.00 20%    RZUS 105.00 0%    STIL 114.00 -0.8%    UNI 2,300.33 -2.11%    USJE 23,500.00 2.17%    

Официјално отворен Самитот Македонија2025: Најзначајниот бизнис настан во земјата и регионот

Време: 13:56

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија2025, каде врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

„Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи, како можности, така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод нив да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал“ – изјави Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување на директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво. Максимилијан Ламбертсон – водечки аналтичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

„Регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-2009, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Кај земјите на Западен Балкан во периодот 2018-2022 предвидувме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3.3%“ – додава тој.

Имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, една од темите на Самитот денеска ќе биде и производството на канабис за медицински цели. Исто така, ќе презентираме успешни македонски компании.
Утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

На самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Релативно лоша година за градежните компании, речиси сите имаат намален обем на работа и драстично скастрен профит. На производителите на градежни материјали се уште им…

  • Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои се на прво место на листата на магазинот “Економист”. Ова е првпат во 30-годишната…

  • СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    БЕЛГРАД, 19 март, 2019 година — Успешноста на пазарот на трудот во Западен Балкан и понатаму се подобрува, иако со побавно темпо од минатата година и…

  • Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот…

  • Загриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

    Загриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

    Повеќето воени операции на Земјата се потпираат на комуникациските сателити и глобалните влади се сè повеќе загрижени дека тие би можеле да бидат уништени, изјави…

  • Расте девизниот прилив од туризмот

    Расте девизниот прилив од туризмот

    Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, а тоа директно се рефлектира врз учеството на туристичката индустрија во бруто домашниот производ…

  • Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

    Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

    Покрај авионската линија со шведскиот град Малме, од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град…

  • И шампањот трпи поради Брегзит и Жолтите елеци

    И шампањот трпи поради Брегзит и Жолтите елеци

    Брегзит и француското протестно движење на „жолтите елеци“ ја намалија продажбата на францускиот шампањ во последната година на најниско ниво од 2004 година, објави Seebiz.…

  • Путин ги “скротува” онлајн-медиумите

    Путин ги “скротува” онлајн-медиумите

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша два закони со кои се ограничува работата на онлајн-медиумите во таа земја. Според законите, кои критичарите ги гледаат како дел…

  • Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави

    Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави

    Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот…