Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Загадениот воздух предизвикува аутизам кај децата

Време: 13:47

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Според најновите истражувања, изложеноста на одделни видови на загадување на воздухот во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптомите поврзани со аутистичен спектар на нарушување (АСН), пишува „Сајнс алерт“.

И порано некои студии укажуваа на можното влијание на загадувањето на воздухот на неродените деца, но истражувачите на Универзитетот Монаш отидоа еден чекор понатаму и забележаа дека постои континуиран ризик од аутизам во првите неколку години на детето и ако детето живее во област со високо ниво на загаденост на воздухот.

Истражувањата во Шангај беа спроведени од експерти за јавно здравје кои го следеа влијанието на загадениот воздух врз здравјето на околу 1.500 деца.

Повеќето студии досега ја набљудуваа врската помеѓу аутизмот и квалитетот на воздухот во преднаталната возраст, односно пред раѓањето на детето. Ова истражување отиде чекор подалеку и се фокусираше на веќе родени деца. Така, истражувачкиот тим го следеше животот на 124 деца со аутизам и на 1.240 деца кои немаа АСН дијагноза. Испитаници беа деца на возраст помеѓу 3 и 12 години.

Тимот забележа дека децата кои во првите три години од животот се изложени на честички со големина од околу 1 микрометар имаат 86% поголема веројатност да имаат аутизам.Честичките со големина од околу еден микрометар, според истражувањето, се поопасни за здравјето од честичките со други димензии.

„Дури и најмало ниво на загаденост може на некој начин да влијае врз здравјето на детето. Ние забележавме дека дури и изложувањето на многу мали количини на ситни честички од загадениот воздух е поврзано со предвремено породување, побавно учење кај децата и голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања”, вели водителот на истражувањето, Јуминг Гуо.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Смути од ананас кој топи килограми! Здраво, вкусно и хранливо

    Смути од ананас кој топи килограми! Здраво, вкусно и хранливо

    Оваа комбинација е одлична ако се обидувате да изгубите неколку килограми или ако сакате на здрав начин да го започнете денот. Овој пијалок има многу…

  • Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Ако барате решение за проблем со сува и оштетена коса, можете да пробате домашен третман со топло масло. Доволна ви е една состојка – растително…

  • Ако сте под стрес и се чувствувате депресивно, ова е вистинската работа за вас

    Ако сте под стрес и се чувствувате депресивно, ова е вистинската работа за вас

    Ве советуваме да уживате во летните прошетки, бидејќи тие прават чуда за нашата психа. Сега е време за прошетка во паркот, само избегнете ги најжешките…

  • Додадете ја оваа намирница во вашата секојдневна исхрана и гледајте како сантиметрите во обем исчезнуваат

    Додадете ја оваа намирница во вашата секојдневна исхрана и гледајте како сантиметрите во обем исчезнуваат

    Доколку се борите со вишок килограми и поголем обем на половината, ви предлагаме да ја вклучите оваа намирница во исхраната. Многу е важно во дневни…

  • Три промени во телото кои се случуваат кога ќе престанете да јадете бел леб

    Три промени во телото кои се случуваат кога ќе престанете да јадете бел леб

    Лебот за многумина е омилена намирница без која не можат да го замислат денот. Но, исто така, оваа бомба на јаглени хидрати доаѓа во многу…

  • Крвни групи кои комарците најмногу ги сакаат

    Крвни групи кои комарците најмногу ги сакаат

    Ако отсекогаш сте се прашувале зошто сте склони кон каснување од комарци повеќе од вашите пријатели, тоа може да биде затоа што имате одредена крвна…

  • Овие пијалоци се вистинскиот пат до витка линија и здрав сон

    Овие пијалоци се вистинскиот пат до витка линија и здрав сон

    Лошото спиење е поврзано со дебелина, нарушени хормони, голем глад кога ќе се разбудите, проблеми со инсулин и шеќер во крвта. За да го подобрите…

  • Во кутии од сладолед чувате храна? Веднаш престанете, тоа може да биде многу опасно за здравјето

    Во кутии од сладолед чувате храна? Веднаш престанете, тоа може да биде многу опасно за здравјето

    Пластичните кутии за сладолед изгледаат многу практични и многумина не ги фрлаат откако ќе ја изедат целата содржина. Убаво ги мијат и подоцна ги користат…

  • 5 спортови кои трошат повеќе калории отколку трчањето

    5 спортови кои трошат повеќе калории отколку трчањето

    Ако не сте една од оние жени кои сакаат спорт и трчање, веројатно барате нов начин за кратко време да добиете добри резултати! Ако, на…

  • Американците не ја менуваат долната облека и до седум дена

    Американците не ја менуваат долната облека и до седум дена

    Истражување на околу 1.000 американци покажало дека 45% од испитаниците ја носат истата долна облека два дена по ред, а уште пошокантно е фактот дека…