Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Се воведува додаток за прво, второ и трето дете

Време: 13:43

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете.

Исто така, се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5 000 денари, за второ 20 000 денари, а за трето новороденче 60 000 денари, соопшти Министерството за труд и социјална заштита.

Истовремено, освен што ќе добиваат еднократен надоместо, на сите семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија.

,,Додаток за трето дете беше наменет кон зголемувањето на наталитетот, но податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот. Стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година.

Исто така овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани. Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30%, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата.

Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници.Правото на родителски додаток за трето дете ќе може да се остварува и понатаму во периодот од десет месеци почнувајќи од денот на влегување во сила на овој закон. За исплата на родителскиот додаток за 2017 година се потрошени 2 643.706.000 денари”, се додава во соопштението на Министерството.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Николовски на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин

    Николовски на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин

    Од денеска, па и наредните три дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе биде во официјална посета на најголемиот светски саем за…

  • Облачно и ветровито, со услови за дожд

    Облачно и ветровито, со услови за дожд

    Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе…

  • Aнѓушев и Дончев: Подобрена е соработката меѓу Македонија и Бугарија

    Aнѓушев и Дончев: Подобрена е соработката меѓу Македонија и Бугарија

    Подобрена е меѓусебната соработка и правиме конкретни чекори за уште поголеми економски придобивки за двете земји. Ваква е оценката на заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев,…

  • Германскиот извоз на оружје паднал за една четвртина

    Германскиот извоз на оружје паднал за една четвртина

    Извозот на германско оружје паднал во 2018 година речиси една четвртина во споредба со претходните години, соопшти германската влада. „Германската влада во 2018 година одобрила…

  • Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за поврат на пари за камати од ИПАРД-програмата

    Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за поврат на пари за камати од ИПАРД-програмата

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД-програмата…

  • Гувернерката на НБРМ на Форумот на „Еуромани“: Kако носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на натамошно подобрување на фундаментите на економиите во регионот

    Гувернерката на НБРМ на Форумот на „Еуромани“: Kако носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на натамошно подобрување на фундаментите на економиите во регионот

    „Сите ние како носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на елиминирање на структурните пречки за зголемување на потенцијалниот економски…

  • Дали ќе има зголемување на каматните стапки во еврозоната?

    Дали ќе има зголемување на каматните стапки во еврозоната?

    Европската централна банка најверојатно ќе започне да ги зголемува каматите во еврозоната во 2019-та година, и покрај не особено охрабрувачките макроекономски податоци за европската економија,…

  • МЗШВ: Рекордни 718 понуди за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

    МЗШВ: Рекордни 718 понуди за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

    Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна…

  • „Стандард“: Европската енергетска мрежа минатата недела била на работ на крах

    „Стандард“: Европската енергетска мрежа минатата недела била на работ на крах

    Европската мрежа за снабдување со електрична енергија минатата недела била блиску до колапс, што можело да предизвика милиони домаќинства да останат без струjа, тврди виенскиот…

  • Анѓушев: Со Бугарија ги решивме политичките прашања, време е да се посветиме на економијата

    Анѓушев: Со Бугарија ги решивме политичките прашања, време е да се посветиме на економијата

    Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарски бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба меѓу вицепремиерот задолжен за економски…