Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Како младите луѓе успешно да водат компанија?

Време: 13:08

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: КАРИЕРА

Џон Бренан е млад претприемач кој на 20 години го основа стартапот „BuzzTable“, за потоа да го продаде и заработи неколку милиони долари, пишува Бизнис Инсајдер.

Бренан во 20-тите години од животот научил многу за работењето и со своите совети сака да им помогне на младите претприемачи кои штотуку се движат во бизнис светот

Ова се неговите совети:

1. Задржете го балансот

Премногу работа, а малку одмор и забава често води до „прегорување“. Запомнете дека водењето на компанијата е маратон, а не спринт трка и затоа на неколку месеци треба да го почастите вашиот тим со заедничко патување, рекреација, или пак тимско натпреварување или забава каде луѓето активно и пасивно ќе се дружат.

2. Вработете луѓе со различни перспективи

Најдобрите производи се резултат на идеи од луѓе со различни перспективи. Ако во тимот имате луѓе кои размислуваат исто, би можело да се случи крајниот производ да биде монотон и неинтересен. Затоа мудро бирајте ги луѓето во вашиот тим

3. Бидете искрени кон себе и предизвиците кои ве очекуваат

Одвоете некое време и добро размислете каде вашата компанија ќе биде за шест месеци. Кога во овој случај ќе станете искрени кон себе, ќе можете да создадете цврст план за делување.

4. Често кажувајте НЕ

Производот се валоризира според тоа како и со што сте го направиле, но исто така и според она што не сте го користеле. Поради тоа многу е важно да кажете НЕ со цел финалниот производ да биде изработен на најдобар начин.

5. Поставете цели

За разлика од другите постоечки компании чии цели се најчесто врзани со приходите, стартапите на почетокот често немаат никаква заработка, па поставувањето на целите може да биде „замаглено“. Поради тоа е важно да најдете извор на приходи, но и добро да го усогласите со сопствените извори.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шефовите се виновни за нељубезноста на работниците!?

    Шефовите се виновни за нељубезноста на работниците!?

    Работниците тврдат дека поради стресот и преголемата количина на работа, немаат време да бидат љубезни, а некои сакаат да бидат шефови, па затоа го имитираат…

  • Како полесно да ги реализирате вашите деловни цели

    Како полесно да ги реализирате вашите деловни цели

    Ако вашето време го трошите непланирано, неорганизирано, на некои неважни и споредни нешта, лесно можете да заборавите со која цел воопшто сте започнале да работите.…

  • Вашиот шеф е неорганизиран? Неколку начини да се справите со него!

    Вашиот шеф е неорганизиран? Неколку начини да се справите со него!

    Доколку вашиот надреден е потполно неорганизиран, често прави исправки во плановите, го менува мислењето од ден во ден, тогаш тешко дека и вие ќе напредувате…

  • Како да се поставите кон ирационалните колеги?

    Како да се поставите кон ирационалните колеги?

    На работа морате да бидете во интеракција со многу различни типови на личности. Доколку најдете начин да излезете на крај со нив, иако тоа не…

  • Ова се навиките на флексибилните и успешни лица

    Ова се навиките на флексибилните и успешни лица

    Флексибилноста е една многу важна особина, како во деловниот, така и во приватниот живот. Флексибилноста овозможува светот да го гледаме со други очи, а тоа…

  • Патот до успехот ќе ви го покажат овие 10 чекори

    Патот до успехот ќе ви го покажат овие 10 чекори

    Успехот е достижна цел. Важно е добро да ги планирате работите, да имате зацртани цели и да се движите по сопствениот план. Да се радувате…

  • Во 10 чекори станете ненадминлив продавач

    Во 10 чекори станете ненадминлив продавач

    Дали знаете што е потребно за да станете успешен продавач? Што е тоа што вам може да ви помогне во продажбата? Дали веќе знаете што…

  • Овие грешки не правете ги!

    Овие грешки не правете ги!

    Никој не кажува дека претприемништвото е лесно. Но, доколку паметно одиграте можете малку да си олесните, сепак, немојте да ги правите овие глупави грешки. Започнувањето…

  • Неколку начини да бидете поуспешни во работата

    Неколку начини да бидете поуспешни во работата

    Сите сакаат добро да се покажат во кариерата која ја избрале. Кога сте успешни во она што го работите, вие сте посреќни и заработувате повеќе…

  • Како „тестираат“ најголемите компании?

    Како „тестираат“ најголемите компании?

    Во најголемите светски компании од типот на „Google“, „Microsoft“ и „Facebook“ работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата,…