14 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГувернерката на НБРМ учествува на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за...

Гувернерката на НБРМ учествува на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на јавното претставување на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, Пер Калесен, преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, за кој, задржувајќи се на главните наоди и согледби, најпрво ќе говори директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ,Пол Томсен.

ММФ редовно го презентира Регионалниот економски преглед за Европа, којшто се објавува со полугодишна периодичност, пред светската јавност на настан од ваков формат, а есенва за првпат на настанот за еден од тројцата говорници е поканет гувернер на НБРМ.

Во Прегледот на ММФ се прикажуваат најновите економски случувања и перспективите за земјите од различни региони на Европа, при што се посочуваат и економските политики коишто влијаат на економските состојби. Меѓу другото, во него е содржана и дискусија за главните предизвици со кои се соочуваат економските и политичките чинители во Европа. Истовремено, во Прегледот се презентираат специфични податоци и анализи за европските држави, како и аналитички текстови за прашањата коишто се од особен интерес за некои од државите.

Гувернерката на НБРМ, Ангеловска-Бежоска ќе го искористи овој значаен настан на ММФ и за билатерална средба со гувернерите на Централната банка на Данска, Ларс Роде и Пер Калесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП