Тим независни економски советници во германската Влада ја намали прогнозата за раст на БДП за оваа година, наведувајќи ги како причина, меѓу останатото, и тешките услови во надворешно-трговските опкружувања.
Петмина советници предвиделе дека растот на најголемата европска економија во оваа година ќе изнесува 1,6 отсто, што е остро намалување во однос на 2,3 проценти колку што прогнозираа во март. За следната година, проектирале раст од 1,5 отсто наместо претходно проценетите 1,8 проценти.
Во извештајот укажуваат дека германската економија е во еден од најдолгите периоди на подем, од Втората светска војна, но дека неповолниот надворешно-трговски амбиент, повремениот проблем на производство го забавуваат темпото на растот.
Минатата година БДП пораснал за 2,2 отсто, што е најдобар резултат забележан во Германија во последните шест години. Минатиот месец владата предвиде раст од 1,8 отсто за 2018 година.