29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT претстави купе-кросовер (видео)

FIAT претстави купе-кросовер (видео)

FIAT на саемот за автомобили во Сао Паоло претстави концептна верзија на својот прв купе-кросовер кој во сериска верзија би требало да се појави во 2020-та година.

Концептот „Fastback“ со предниот дел потсетува на пикапот „FIAT Toro“, кој италијанскиот производител го пртестави во 2015-та, исто така за бразилскиот пазар, додека во профил и од позади, тој помалку наликува на „BMW X6“ и „Mercedeѕ GLE Coupe“.

„Fastback“ пред се е дизајнерска студија, чија цел е јавноста да се подготви за идниот сериски модел наменет за бразилскиот и пазарот во Јужна Америка.

Затоа италијанскиот производител при оваа можност и не ги споменуваше податоците за моторите на автомобилот, како ниту другите технички детали.

Претставниците на „FIAT“ најавија на овој саем дека компанијата во следните 5 години ќе вложи 2,12 милијарди долари во модели наменети за купувачите во Бразил, а во план е претставување на дури 15 модели до 2023-та.

Што се однесува до „FIAT Fastback“, неговата продукциска верзија во продажните салони би можела да пристигне најрано до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП