12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе биде земја партнер на саемот за туризам во Измир

Македонија ќе биде земја партнер на саемот за туризам во Измир

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година Македонија ќе биде земја партнер на претстојниот саем за туризам во Измир, Турција „TRAVEL TURKEY İzmir“. Саемот ќе се одржи од 6-ти до 8-ми декември, а Агенцијата заедно со претставници од приватниот туристички сектор на Македонија ќе ги промовира туристичките содржини и можности за зголемување на туристичкиот промет во државава.

Саемот за туризам во Измир, Турција е еден од водечките туристички настани во Турција, кој го соединува туристичкиот сектор на национално и меѓународно ниво секоја година. На последното издание, со свој простор беа присутни 1.284 изложувачи од 36 земји, 54 градови и беше посетено од 44.589 туристички професионалци. Саемската манифестација секоја година има одлична медиумска покриеност со што на изложувачите им се овозможува зајакнување на врските со странските пазари, во насока на постигнување на бизнис целите.

„Турскиот туристички пазар е еден од најзначајните за нашата земја и според статистичките податоци најбројни се турските туристи во Македонија. Патуваат организирано, како и фамилијарни и роднински посети, а го посетуваат Охрид, Скопје, Битола, Дебар, Тетово, Гостивар. Најчесто патуваат за посета на роднини, одмор и екскурзии. Дирекните авионски линии, блискоста со македонскиот народ го зголемува интересот на турските туристи за посета на Република Македонија“, додава Агенцијата за туризам.

Од Агенцијата за туризам велат дека со цел поголема промоција на македонските турстички дестинаци на турскиот туристички пазар, оваа година Агенцијата за туризам за прв пат спровела маркетинг-медиумска кампања во Турција. Промоцијата на македонскиот туристички потенцијал и туристичките содржини биле промовирани на онлајн порталот www.gezimanya.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП