23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијамантите - следната жртва на Brexit

Дијамантите – следната жртва на Brexit

Велика Британија предупреди дека недостатокот на договор околу „Brexit“ го носи ризикот Лондон да биде исклучен од глобалната трговија со дијаманти.

Како земја членка на Европската унија Велика Британија е дел од „Kimberley Process“ – програмата за глобална сертификација која се користи за да се следи и спречува трговијата со „крвавите дијаманти“. Земјата ќе мора да аплицира за самостојно членство по „Brexit“, а владата минатата недела ги предупреди трговците на дијаманти дека секое забавување како последица на недостаток на договор може да доведе до привремен прекин на снабдувањето, пренесува „Bloomberg“.

„Во оваа фаза, не можеме да ја исклучиме можноста дека ќе ја напуштиме ЕУ без договор или без непосредно самостојно учество“, рече британското Министерство за надворешни работи. „Во овој многу неверојатен случај нема да можете да тргувате на меѓународно ниво со необработени дијаманти, додека не обезбедиме нашето учество во „Kimberley Process““.

Владата соопшти дека трејдерите треба да размислат да ги вратат во Велика Британија необработените дијаманти кои ги држат надвор од земјата, пред таа да ја напушти ЕУ, за да се осигураат дека можат да ги добијат скапоцените камења.

Лондон беше глобален центар на грубата индустрија со дијаманти кога „De Beers“ ги продаде скоро сите камења во светот од седиштето во Лондон. Обемот сепак опаднаа по 2000-та година, кога монополот на компанијата заврши, и падна до речиси нула кога ги пресели своите активности во 2013-та година во Боцвана, од каде ги добива поголемиот дел од камењата.

Сепак од Светскиот дијамантски центар во Антверпен (Antwerp World Diamond Centre, AWDC), кој ги претставува белгиските трговци на дијаманти, изјавија дека некои големи производители се уште го користат Лондон како влезна точка кон Европа.

„Овие стоки потоа се транспортираат преку заедничкиот европски пазар до Антверпен за да се сортираат и продадат“, рече организацијата. „Целта на „AWDC“ е да се осигура дека овие трговски текови ќе продолжуваат да минуваат низ Антверпен, дури и по „Brexit““.

Велика Британија во моментов е една од шесте земји на ЕУ кои имаат право да увезуваат и извезуваат груби дијаманти. Еднаш во една од овие земји, вклучувајќи ги Белгија и Португалија, тие можат слободно да се движат во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП