8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза ​​Меј нема да прифати договор за брегзит по секоја цена

Тереза ​​Меј нема да прифати договор за брегзит по секоја цена

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, минатата ноќ на редовниот состанок на министрите разговараше за решавање на прашањето за границата со Ирска уверувајќи дека нема да прифати договор за идните односи со Брисел по брегзит „по секоја цена”.

Премиерката, меѓу другото, на вчерашниот состанок рекла и дека е уверена дека ќе дојде до постигнување договор што ќе биде во интерес на сите, со надеж дека ќе се постигне најдобар можен договор, но не по секоја цена, вели неименуван владин портпарол.

Европскиот преговарач за брегзит, Мишел Барние, кој е во посета на Словачка, рече дека сè уште не е постигнат договор, додавајќи дека прашањето за границата со Ирска останува камен на сопнување во преговорите.

Премиерите на Ирска и Велика Британија вчера телефонски разговараа за можноста за ревизија на механизмот „мрежа на безбедност” (Backstop) за да се спречи враќањето на границата меѓу Ирска и британската покраина Северна Ирска по брегзит.

Механизмот би го вклучил и останувањето на Северна Ирска во царинската унија и единствениот пазар, освен ако не се најде поинакво решение. Лондон, пак, во принцип е против тоа бидејќи смета дека со тоа би можел да се загрози територијалниот интегритет на Велика Британија.

На 29 март 2019 година Велика Британија и официјално треба да ја напушти Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП