12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru планира хот-хечбек за враќање во WRC

Subaru планира хот-хечбек за враќање во WRC

Поминаа десет години откако „Subaru“ го напушти Светскиот рели шампионат (WRC), a 20 од последната титула.

Меѓутоа, последните вести од Јапонија укажуваат на тоа дека во „Subaru“ работат на развој на нов моќен хечбек кој ќе го трасира патот за враќање во „WRC“ првенството.

Новиот хот-хечбек на „Subaru“ најверојатно ќе биде поблиску до „В“ сегментот во кој моменталносе најпопуларни „Ford Fiesta ST“, „Volkswagen Polo GTI“ и „Toyota Yaris GRMN“.

И натаму само се шпекулира за деталите на моделот на „Subaru“, кој би можел да добие четирицилиндарски турбоагрегат, можеби „боксер“ по кои јапонската компанија е најпозната, како и погон на сите четири тркала.

Проблемот е што „Subaru“ моментално нема автомобил со тие димензии, барем не на пазарите во Северна Америка и Европа на кои тој би можел да биде базиран.

Па така „Subaru“ ќе мора или да започне од нула или да го развие концептот кој беше претставен минатата година – „VIZIV Performance“.

„Subaru“ најверојатно својот хот-хечбек би можел да го развива заедно со „Toyotа“, како „BRZ/86“ спортскиот автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП