28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го укинува еврото во Црна Гора?

ЕУ го укинува еврото во Црна Гора?

evra1

Експертот од бриселскиот аналитички Институт за економија и политика Мајкл Емерсон изјави дека Европската унија, за време на преговарачкиот процес, ќе го отвори прашањето за користење на еврото во Црна Гора.

Тој наведе дека користењето на еврото во Црна Гора е последица од одлуката на црногорските власти, кои во вонредни околности, најпрво ја превземаа германската марка, а потоа еврото.

Користењето на еврото во Црна Гора во потполност се разликува од членството во еврозоната. Советот на Европската унија повеќе пати повтори дека унилатералното прифаќање на еврото не е компатибилно со законодавството на Унијата.

Според неговите зборови, користењето на еврото нема да биде проблем, ако државата се држи до главните макроекономски критериуми на ЕУ во однос на инфлацијата, јавниот долг и буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП