21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрометот на индустријата на странскиот пазар зголемен за 12,8 отсто

Прометот на индустријата на странскиот пазар зголемен за 12,8 отсто

grafic-up.sxchu_

Прометот во индустријата во април годинава во однос на април лани бележи пораст од 7 отсто. На домашниот пазар регистрирано е намалување од 4 отсто, а на странскиот пазар има пораст од 12,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст од 24,3 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 6,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,2 отсто, капитални производи за 20,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 68,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 7,5 отсто.

Прометот во индустријата во периодот јануари-април 2013 година, во однос на периодот јануари-април 2012 година, изнесува има пораст од 4,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП